Првиот Македонски веб сајт Grouper.mk го прослави својот прв роденден на 21 Јануари со голема журка во Every Day Lounge Bar. На забавата присуствуваа...
...над 400 гости, а 24 од нив си заминаа со по некоја награда. Главната награда беше 6.000 ден. во Grouper торбичката за зделки по избор на среќниот добитник.
Покрај ова беа поделени и повеќе вредни награди од компании кои соработувале со Grouper.
По повод забавата и роденденот неколку дена пред настанот беше пуштена зделка за роденденската забава. Во знакот на попустите корисниците можеа да си купат пијалок по избор по цена од 29 ден, а со купонот учествуваа во извлекувањето за наградите.
За 1 година работа Grouper значајно влијаеше на онлајн продажбата во Македонија а повеќе за постигнатите бројки може да погледнете на инфографикот.
На видеото може да погледнете во каква атмосфера помина забавата: