Се одржува втората конференција за Контролинг
Резервирајте го 31. мај во Вашиот деловен календар,бидејќи се одржува 2-та конференција за Контролинг. Организатори се Трипле С Гроуп и Алтиус Советување од Загреб кои што ги поканија регионалните експерти од Хрватска пред македонските топ менаџери да ги споделат сопствените искуства .

Темите на конференцијата се: “Контролинг – носител на успехот”, “Кому му е потребен контролингот”, “Контролен извештај”, “Информативна технологија и контролинг”, “Контролинг на трошоци”, “Задачите на контролингот на оперативен степен VS. Задачите на конторлингот на стратешки степен”, “Контролинг на човечките потенцијали”
Конференцијата е со хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат наменети за Здружението на граѓани за мотивација и посреќен, поисполнет и попродуктивен живот на сите луѓе, НОВА ИСКРА, конкретно за лекување на Искра Донева која има целебрална парализа и за чие подобрување на здравствената ситуација потребна и е трансплатација на матични клетки.
