5 трикови на Италијанките со кои изгледаат стилски, без многу труд
Трик број 1: Белата кошула со свртени ракави е база, а одозгора се комбинира во слоеви со елече или џемпер. Трик број 3: на обичниот аутфит со тексас и маичка, додадете му каубојски елемент.

Италијанките важат за дами со впечатлив и уникатен стил, како модата да им е во гените.
Тие се секогаш средени од глава до пети, дури и кога се на лежерна прошетка и изгледаат стилски.
Со години нивниот стил е инспирација за мода, а ако ве интересира кои се нивните трикови, во продолжение откриваме неколку.
Тајни со кои Италијанките секогаш се стилски, без многу да се трудат:
Слоевито облекување
Италијанките, посебно оние од Милано, често комбинираат аутфити со бела кошула со завртени ракави или бела маичка како база, а дополнително имаат поло џемперче, елече или нешто друго што изгледа кул и стилски.

Превртена кожа
Италијанските жени обожаваат облека од превртена кожа, материјалот е елегантен и мек, додава длабочина на обични аутфити, изгледа кул и луксузно во исто време, а може да се носи и со фармерки и со здолниште.

Додатоци со каубојска нота
Ова е еден од фаворитите кај Италијанките, посебно во Милано – само додадете каубојски ремен или чизми и веднаш ќе го трансформирате „обичниот“ стајлинг во нешто на што ќе ви се восхитуваат.

Најлонски чорапи до колена
Иако е малку похрабар и необичен стил, Италијанките сакаат да ги нагласат нозете и обрнуваат посебно внимание на чорапи, дури и имаат цел дел во гардероберот со различни видови.

Брош
Марамите за глава ги поврзуваат со Италијанките, но повеќе се тип на Французинките, додека пак супермоќта на италијанските жени се брошевите – додаток кој инстантно може да го промени изгледот и расположението, само закачете го некаде низ облеката.

M. M. | Црнобело
