6 трикови со кои полесно ќе ги „преживеете“ неудобните чевли

Бебешка пудра за чевлите да не ви испуштаат чуден звук од потење, апостолките замотајте ги со марама за да не ве повредуваат, користете силиконски штитници во сите форми - трикови кои се спас за неудобни чевли. 

6-trikovi-so-koi-polesno-kje-gi-prezhiveete-neudobnite-chevli-01.jpg

Сите понекогаш сме се соочиле со некаква непријатност од носење чевли, независно дали тоа било рани од неудобност или непријатен мирис. 

Можеби веќе знаете голем дел трикови кои се користат, но никогаш не е доцна и да научите по некој нов, посебно за кога сте во ситуација во која немате многу избор.

Во продолжение неколку трикови кои ќе ви ги олеснат непријатностите со чевли:

Инвестирајте во наменски силиконски штитници со соодветна големина (зависно дали се за тесно ременче, за под стапало и сл.)

6-trikovi-so-koi-polesno-kje-gi-prezhiveete-neudobnite-chevli-02.jpg

Ако апостолките ве повредуваат, замотајте ги ременчињата со марама

6-trikovi-so-koi-polesno-kje-gi-prezhiveete-neudobnite-chevli-03.jpg

Ако чевлите испуштаат звуци кога движите, ставете бебешка пудра за внатрешноста да остане сува

6-trikovi-so-koi-polesno-kje-gi-prezhiveete-neudobnite-chevli-04.jpg

Ако чевлите ви се преголеми и немате соодветна влошка, може да го замотате стапалото со тоалет хартија

6-trikovi-so-koi-polesno-kje-gi-prezhiveete-neudobnite-chevli-05.jpg

Кога носите нови чевли кои може да ве стегаат и да ве разранат, намачкајте ги самите чевли (од страните, не на влошката) или надворешноста на стапалото (не долната страна) со вазелин или крема

6-trikovi-so-koi-polesno-kje-gi-prezhiveete-neudobnite-chevli-06.jpg

Бонус: Ако чевлите имаат непријатен мирис, освежете ги со оставање преку ноќ хигиенски тампон натопен во есенцијално масло

6-trikovi-so-koi-polesno-kje-gi-prezhiveete-neudobnite-chevli-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чевли кои можеби нема да ви се допаднат, а се најмодерни оваа сезона (фото) Според стилистите, овие модели се исклучително модерни, но им се допаѓаат само н...
5 трикови со кои ќе изгледате стилски дури и кога е претопло (и се препотувате) Кратки бициклистички под фустанот за да не ви се тријат бутовите, бебешка пудра ...
5 трикови на Италијанките со кои изгледаат стилски, без многу труд Трик број 1: Белата кошула со свртени ракави е база, а одозгора се комбинира во ...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
8 модели на чевли што ќе доминираат во пролет 2026 (иако повеќето се чудни) Проѕирните чевли изгледа повторно се враќаат во мода (за жал), а ќе доминираат и...

Најчитани неделава