5 стилски правила од Французинките за широките панталони кои се хит во 2025
Правило 1 - не ги носете само во елегантни комбинации, туку и во лежерни, со патики и кул модни додатоци како Французинките. Правило 2 - бирајте еднобоен аутфит за поскап и луксузен изглед. Како да ги комбинирате и носите широките панталони стилски?

Широките панталони се хит моден тренд летово, но лесно може да направите грешка во комбинирањето и наместо стилски, да изгледате сосема спротивно на тоа.
Ако ви е потребна инспирација, Французинките сигурно може да помогнат во ова, бидејќи умешно го прават тоа.
Тие умеат да ги стилизираат на различни начини и за секакви пригоди, а сепак да изгледаат средено.
Правила како да ги стилизирате:
Не ги носете само во елегантни комбинации
Французинките обожаваат да ги комбинираат со патики и лежерни модни додатоци, наместо исклучиво во елегантни комбинации.

Црно-бела комбинација е сигурен избор
Ако не сакате да погрешите, секогаш најбезбедна опција ви се две бои – црна и бела. Без експериментирање.

Може и горниот дел да биде oversize
Иако старото правило гласи дека ако едниот дел е широк, другиот треба да е тесен, ова не важи за широките панталони, но треба да знаете добро да ги комбинирате.

Носете ги и за вечерни излегувања
Може да им дадете предност на овие панталони наместо на фустан, за промена, како што прават Французинките често кога одат на пијалак или вечера.

Усогласена палета на бои
Ако се држите до исти бои со различни нијанси во аутфитот, комбинацијата ќе изгледа многу поскапо и ќе оддава естетика без многу да се мачите.

M. M. | Црнобело
