10 напнати мистерии што ќе ве натераат да се сомневате во сè

Ако сакате нешто со доза комедија, ќе ви се допадне See How They Run. Ако, па, сте расположени за хорор, изгледајте го What Lies Beneath.

10-napnati-misterii-shto-kje-ve-nateraat-da-se-somnevate-vo-se-01.jpg

Ако сакате филм кој ќе ве натера да мислите и чие дејство нема да го погодите така лесно, тогаш погледнете некоја мистерија од нашите предлози.

Десет филмови што ќе ве натераат да се сомневате во сè:

See How They Run

Со Сирша Ронан и Сем Роквел во главните улоги, See How They Run е забавен спој на мистерија и комедија.

Дејството е сместено во 1950-тите, кога за време на подготовка на театарска претстава, еден од најважните членови од екипата е убиен.

Инспектор и неискусна полицајка пробуваат да го решат случајот и се вплеткуваат во чуден, за нив непознат свет.

Missing

Напнат трилер каде главниот лик е млада девојка која пробува да ја најде својата мајка.

Таа исчезнува додека е на одмор со нејзиниот нов дечко.

Иако е во друга држава, девојката ја користи целата технологија што ѝ е достапна за да ги заобиколи многуте пречки и да ја пронајде мајка си.

The Wonder

Психолошка драма и мистерија чие дејство е сместено во Ирска во 1862 година.

Главниот лик е млада девојка која престанува да јаде, но сепак живее.

Додека туристи и аџии доаѓаат да ја видат девојката што живее без храна, млада медицинска сестра го истражува нејзиниот случај.

Before I Go to Sleep

Никол Кидман ја глуми Кристин, жена која секое утро се буди без сеќавања за нејзиниот живот.

Кога ќе дознае страшна вистина за себе, почнува да се сомнева во сè што се случува околу неа.

Flightplan

Flightplan е психолошка драма со Џоди Фостер во главната улога.

Таа е инежнерка која по смртта на сопругот, со ќерка ѝ се качува во авион од Берлин до САД.

Но, за време на летот ја губи ќерка си и пробува да ја најде, но и истовремено да докаже дека не е луда.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 романтични серии на Нетфликс, совршени за во лето Summertime која ќе направи да се чувствувате како да сте на Јадранското Море во ...
10 ретро комедии на Нетфликс кои ќе ве вратат назад во времето The Naked Gun кој неодамна доби ново продолжение или Ace Ventura – филмот што го...
Се снима забранетиот филм на Манчевски Најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски на 15 јули почнува да го снима ...
10 летни хорор филмови кои ќе ве „смрзнат“ од страв Midsommar кој многумина го нарекуваат најдобриот хорор-филм или I Know What You ...
10 одлични серии со силни женски ликови Alias Grace и The Handmaid’s Tale кои се снимени според книги на Маргарет Атвуд,...
Актери кои освоиле Оскар секојпат кога биле номинирани Кристоф Волц има освоено две статуетки за споредна улога, и тоа во филмови на Кв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg