Неповторливиот Џибони конечно со концерт во Скопје

На голема радост на бројните фанови, еден од најпопуларните пејачи во регионов Џибони, утре (сабота, 16 ноември 2013) ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Почетокот на концертот е закажан во 21:00 часот, а влезот на арената „Борис Трајковски“ ќе биде отворен за посетителите од 20:00 часот.

napovtorliviot-dziboni-konecno-so-koncert-vo-skopje-01

За овој концерт Џибони во неколку наврати изјави дека на македонската публика и ветува посебен концерт и незаборавна вечер исполнета со многу изненадувања.

Неповторливиот сплитски кантавтор доаѓа во Скопје во придружба на 10 музичари, но и специјалните гости најавени за овој концерт: македонскиот легендарен гитарист Влатко Стефановски и импресивната вокалистка Стефани од славниот и „Греми“ наградуван Лондонски Госпел Хор (The London Community Gospel Choir). Покрај нив гостин на исклучителното концерто доживување во сабота ќе биде и Ламбе Алабаковски.

Македонската публика е пред  вистински концертен спектакл во арената „Борис Трајковски“ каде што покрај сите стари, легендарни хитови на маестралниот музички уметник кој зад себе има богата кариера подолга од 20 години, како „Либар“, „Миракул“, „Не одустајем“, „Темпера“, „Опрости“,  ќе има прилика да ги чуе и песните од новиот албум  снимен на англиски јазик - „20th Century Man“.

Ве известуваме дека најголемиот дел од влезниците за трибините се распродадени, а во продажба се останати обични и вип влезници за партер. Влезниците за ВИП партер се достапни само со резервации (на тел.бр. 070902793), а сите останати категории на влезници можете да ги набавите преку продажната мрежа на МКтикетс:

• Во Скопје: Југотон (ГТЦ, 1 кат), Цвеќара Розе Веро 2, Brooklyn Lounge Bar ( Skopje City Mall ), Камарад Рамстор, ТЦ Соравија - Македонија Сообраќај

• Низ Македонија: Хард Рок (Битoла), ЗиЗи Топ (Охрид), Агора (Куманово), Комисион Шишко (Кочани)

Сите оние кои ги купиле своите влезници онлајн, ги известуваме дека замената на ваучерите за влезници веќе се спроведува на билетарата на арена „Борис Трајковски“ и ќе трае сѐ до почетокот на концертот во сабота. Билетарата на арена „Борис Трајковски“ во сабота ќе биде отворена од 12 часот.

Влезниците за овој концерт се достапни по цена од:

  • 400 денари – горните три реда од трибините
  • 600 денари – останатите редови од трибините
  • 500 денари – партер
  • 1000 денари – ВИП трибини
  • 1200 денари – ВИП партер

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Никогаш не се изневерувај себеси. Никогаш не се ограничувај... следи ги особеностите на твојот дух кои те влечат...
Вероника Канингем