Започнаа подготовките за фестивалот „Здраво Млади“ во МКЦ!

ЗДРАВО МЛАДИ ќе се одржи на 23 мај 2014 во МКЦ Скопје! Ве известуваме дека билетите за престојното, четврто издание на фестивалот Здраво Млади се веќе во продажба. Цената на билет до 26 април изнесува 400 денари. Веќе од 27 април цена на билет ќе изнесува 500 денари, а од 18.мај цената на билет ќе ја достигне највисоката цена од 600 денари.

zapocnaa-podgotovkite-za-festivalot-zdravo-mladi-vo-mkc-01

Најавени артисти се американските бендови „!!! (Chk Chk Chk)“ и „The Soft Moon“, „Фонија“ и „TRUS!“, остатокот од програмата ќе биде објавен наскоро, но, како и да е, оваа година фестивалската програма ќе се одвива на една бина (на отворено), во еден фестивалски ден, а ќе настапат 6 изведувачи.

Оваа година имаме новитет со таканаречен „другарски“ билет и сите што ќе купат заеднички 4 билети, добиваат 1 билет гратис. Акцијата „другарски“ билет ќе биде спроведена САМО на билетарата на МКЦ.

Билети за Здраво Млади ќе можете да набавите на билетарата на МКЦ, во Југотон и 1/2 Југотон, а за луѓе од другите градови во Македонија постои мејл за резервација на билет на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Како најава на ЗМ 2014, на 10 мај 2014 година во Младинскиот Културен Центар, ќе се одржи промотивен настан, со настап на средношколски музички групи кои свират исклучиво своја авторска музика без жанровски ограничувања.

Можност за свое претставување ќе имаат сите средношколски музички групи или соло артисти од сите музички жанрови (електронска музика, хип хоп, рок музика) кои изведуваат исклучиво своја авторска музика.

Пријавувањето на заинтересираните изведувачи трае до 15.04 (вторник), до 16.00 часот. За пријава на настанот, бендовите треба да достават кратка биографија, фотографии, контакт како и демо-снимка или интернет линк до аудио/видео изведба на некоја од нивните авторски песни.

Пријавите се доставуваат на адресата на Младинскиот Културен Центар, кеј Димитар Влахов бр.15 или пак на електронска пошта:Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Концертот на средношколските изведувачи ќе се одржи на 10.05 (сабота) во МКЦ, а секој од изведувачите ќе има обврска на концертот да настапи со 3 авторски музички композиции. Присутната публика ќе има можност да гласа преку уфрлување на билетот од настанот во кутијата на која е назначено името на нејзиниот фаворит.

Оној изведувач кој ќе се здобие со најмногу гласови ќе има можност да настапи на отворањето на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ 2014, на 23. мај (петок), на голема сцена, на отворено пред Младинскиот Културен Центар.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Нашиот живот е како движењето на Сонцето. Во најтемните мигови знаеме дека ќе се раздени.
Непознат автор