Од денес работат сообраќајните камери во Скопје!

od-denes-rabotat-soobrakjajnite-kameri-vo-skopje-povekjeВе советуваме од денес повеќе да внимавате како возите во главниот град! Од денес работат безбедносните сообраќајни камери во Скопје!

 

Дневник пренесува дека од денес, 7ми Мај 2012-та година работат сообраќајните камери во главниот град. Поставени се над 100 камери на главните локации и сообраќајници во градот, и преку нив ќе бидат снимани несовесните возачи и казните ќе им бидат испраќани директно на домашната адреса.

Според надлежните има камери кои се фиксни, но има и камери кои снимаат и 360 степени, но и камери кои можат да снимат до најситни детали. Ќе се ловат сообраќајните прекршоци – поминувањата на црвено, непропуштањето пешаци, непрописното престројување, итн. Казните со доказниот материјал ќе бидат испраќани на домашната адреса на престапниците.

od-denes-rabotat-soobrakjajnite-kameri-vo-skopje

Но покрај казните, се најавува дека со камерите ќе се следи протокот на сообраќај во главниот град и дека со нивна помош ќе се оптимизираат зелените бранови низ градот со цел полесно минување низ центарот и намалување на сообраќајните гужви. Според експертите, времето потребно за стигнување од една до друга локација во градот би можело да се намали за една четвртина, а со тоа да се намали и потрошеното гориво.

Според законот, снимените материјали ќе се чуваат до шест месеци, а потоа ќе бидат уништени, освен оние материјали кои се користат како доказ во кривична или прекршочна постапка.

извор: carclub.mk

Би можело да ве интересира:

Антониа Гиговска дува свеќички со синот по роденденот и второто запросување од Џокер: „Ах, каква ноќ... „Велат дека со 25 години започнува ново поглавје, па ајде тогаш нека биде најдоб...
Ленче Делова, која почина на 77 години, остави неизбришлива трага на филмската сцена - Од „Светот на... Ленче Делова е актерката на нашата младост, жена која со својата ведрина, препоз...
Гласот на младите стоматолози од Штип: „Дентум“ ја буди студентската иницијатива Студентите од Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Ш...
Ана Костадиновска на сведочењето за пожарот: „Прскалките се пуштија на ‘Што сака нека биде’, вратата... „Во последните години на сите настапи имаше прскалки. Прскаа во мене, во опремат...
Кристина Димитри за синот (8) со Даниел Кајмакоски: „Таткото не треба да заборави дека е биолошки та... По киднапирањето на Даниел, неговата втора сопруга Марина Кајмакоска даде прва и...
Таткото на Надица (17) која загина во Кочани, го објави нејзиното последно видео: „Ја чекам во сониш... „Тоа беше обично затворање на врата… Но за мене - тоа беше последниот здив ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Постигнал успех оној кој живеел добро, често се смеел и делел многу љубов, кој уживал восхит и љубов од добри луѓе, кој ја исполнил својата улога и својата задача, кој светот го напуштил подобар отколку што го нашол.
Беси А. Стенли