Т-Мобиле го носи iPhone 5 во Македонија

tmobile-go-nosi-noviot-iphone5-1

Т-Мобиле Македонија подготви празнично изненадување за своите корисници. На  14.12.2012 година го носи новиот iPhone 5 на македонскиот пазар. Најновиот iPhone 5 е најтенкиот и најлесниот iPhone досега, комплетно редизајниран со нов 4 инчен ретина екран, А6 чин дизајниран од Apple за супербрзи перформанси и ултра брза безжична технологија, кои придонесуваат за подобра издржливост на батеријата.

iPhone 5 доаѓа со iOS 6, најдобриот и најнапредниот мобилен оперативен систем за мобилни уреди во светот со над 200 нови карактеристики кои вклучуваат: целосно нова апликација за Мапи со картографија дизајнирана од Apple и навигација со говорни и визуелни инструкции, интеграција со  Фејсбук за организирање на билети, пропусници и картички за лојалност.

„Го носиме iPhone 5 во Македонија како последно иновациско решение во мобилната телефонија. Токму затоа Т-Мобиле е лидер на пазарот- постојано е во чекор со светските технолошки трендови, правејќи ги достапни за македонските граѓани. Најновиот iPhone 5 како најнапредната комуникациска алатка овозможува брз и сигурен пристап до повеќе мултимедијални содржини. Овој апарат овозможува олесната и понапредна комуникација во движење, едноставност при ракување, неограничена забава и зголемен адреналин за сите љубители на паметните телефони“, изјави г-дин Жарко Луковски, главен извршен директор на Т-Мобиле Македонија.

Т-Мобиле ќе го овозможи најновиот iPhone 5 од 16GB веќе од 13.900 денари во тарифата i3600 со потпишан договор за Доверба 24. Повеќе информации за телефонот може да се најдат на страницата www.t-mobile.mk/iphone.

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Позитива на денот! Македонка ги наслика Андреј, Тоше и Панчо: „Тие не се дел од минатото - тие се ве... „Оваа слика е мој начин да ви се поклонам. Не со зборови, туку со молитва во бој...
Згрозувачка сцена од салон за маникир во Македонија – техничарка за нокти со апел: „Опасно е ако ви ... „Дел од девојките ја прават најголемата грешка кога ќе се решат да започнат сами...
Горан Папаз ја возвишува сопругата за годишнината, откако му роди 3 деца: „Ти си повеќе од тоа што с... „Не знам на каков начин да ти покажам колку те сакам, освен дека те сакам повеќе...
Љупка Митрова изнајми авион што носи натпис за роденденот на ќерката: „Долго баравме пилот, татко ми... „Авионот го изнајмивме од Штип, баравме пилот, траеше тоа. Пред еден месец ја пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега.
Јохан Волфганг Гете (1749-1832)