Рецепт за гибаница од оризова хартија наместо кори – хит на социјалните мрежи

На социјалните мрежи хит се питите, гибаниците и баничките од оризови хартии кои се поздрава и помалку калорична верзија за обичните кори - идеални се за појадок или вечера, па и за мезе со гости. 

recept-za-pita-so-sirenje-od-orizova-hartija-hit-na-socijalnite-mrezhi-01.jpg

Во последно време, на социјалните мрежи хит се рецептите за пити, гибаници и банички, но не оние класичните со кори.

Станува збор за оризови хартии, кои имаат поинаква структура, не содржат пченично брашно и глутен, се сметаат за помалку калорична и поздрава замена од обичните кори за готвење.

Има голем број варијации на рецепти за подготовка на овие печива, а најдобро е да почнете од некаде, па потоа според вашиот вкус може и да правите промени при подготовката. 

Потребни состојки:

  • 2 јајца
  • Малку млеко (погледнете во видеото)
  • 12 оризови хартии
  • Сирење, дробено
  • Кашкавал, рендан
  • Сусам

Начин на подготовка:

  • Во голема чинија измешајте две јајца и малку млеко (погледнете во видеото).
  • Потопете ја секоја оризова хартија во мешавината, а потоа на даска ставете две хартии, така што малку ќе се преклопуваат една преку друга.
  • Во средина по должина наредете сирење и кашкавал по вкус, завртете ги краевите, а потоа замотајте во ролна.
  • Повторете го тоа со сите, па наредете ги во плех врз хартија за печење и посипете ги со сусам.
  • Печете на 180°С околу 15-20 минути, или додека не добијат златно-кафеава боја (проверувајте ги, секоја рерна пече различно, а зависи и од самата оризова хартија).

Видео постапка: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за турска бисквит торта со чоколаден прелив – се топи во уста Најубавата и најсочната бисквит торта со бел крем, чоколаден прелив и вкус на ка...

Најчитани неделава