Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости

Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на пролет со вкус на јагоди - се прави лесно и е превкусен, во сезоната на омиленото црвено овошје. 

recept-za-lesen-i-vkusen-kolach-so-jagodi-kako-kaj-baba-na-gosti-01.jpg

Веројатно нема некој што некогаш во детството не пробал од овој вкусен жолт колач на нашите баби и мајки, полнет со јагоди или друго црвено овошје. 

Во сезоната на јагоди, искористете ги на секој можен начин и подгответе си лесен и вкусен колач. 

Потребни состојки:

  • 210g брашно
  • 2 средни јајца
  • 150g шеќер
  • 65ml зејтин
  • 160ml млеко
  • 250g јагоди
  • 12g прашок за печиво
  • Рендана кора од лимон
  • Прстофат сол
  • прашок за печиво за одозгора

Начин на подготовка:

  • Измијте ги убаво јагодите, исчистете ги, исушете ги и исечкајте ги на мали парчиња (поголем дел тргнете за внатре во смесата, а помал дел оставете за одозгора).
  • Во сад изматете ги јајцата со шеќерот додека не добиете убава мека смеса.
  • Додадете го маслото и продолжете да мешате, па постепено со сито додавајте ги брашното и прашокот за печиво, со постојано мешање додека не добиете хомогена смеса.
  • Додадете прстофат сол, а на крај додајте поголем дел од јаготките и измешајте ја смесата нежно.
  • Истурете ја смесата во тава (22-24cm) на мрсна харија за печење и одозгора наредете уште малку од јагодите што останаа.
  • Печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 40-45 минути (тестирајте со чепкалка за заби дали е доволно испечено).
  • Посипете со шеќер во прав и почекајте да се излади пред да сервирате.

Видео постапка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg