Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со лимон.

Колачот со мак за многумина е асоцијација на детството и десертите што ви ги подготвуваа бабите.
Но, постои и друга, посвежа, а подеднакво слатка варијанта на колачот - со фил од лимон.
Како да го подготвите?
Потребни состојки:
За колачот:
- 200g шеќер
- Кора од 2 лимона
- 3 јајца
- 1 лажица сок од лимон
- 150ml масло
- 150ml млеко
- 200g брашно
- 50g мак
- 1 кесичка прашок за печиво
За филот:
- 130g шеќер
- 4 жолчки
- 1 лажица мак
- 1 лажица сок од лимон
- 90g путер
Начин на подготовка:
- Матете ги шеќерот и јајцата додека не добиете пенеста смеса, да додадете ги прво влажните, а потоа и сувите состојки.
- Изматете уште еднаш убаво за смесата да стане мазна.
- Префрлете ја во подмачкано тавче и печете на 170 степени 30 минути.
- Во меѓувреме подгответе го кремот од жолчки.
- Измешајте 130g шеќер и 4 жолчки на параеа и матете додека шеќерот не се растопи и смесата не стане густа.
- Не чекајте предолго за да не почне жолчката да се „пече“.
- Тргнете го филот од оган и постепено додадете го путерот, стопен на собна температура.
- На крајот додајте и една лажица семе од афион и една лажица сок од лимон.
- Прелијте го колачот со овој фил и оставете да се олади.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал
Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...