Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири

Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се подготвува печено месо со компири – сега може и вие да си направите јадење што потсеќа на семеен собир.

recept-za-sochen-domashen-ruchek-pecheno-svinsko-file-so-kompiri-01.jpg

Доколку сте љубител на домашните традиционални ручеци, но не сте пробале да направите, време е да го промените тоа.

Денес споделуваме рецепт за сочно печено свинско филе со печени компири и моркови, ручек од кој ќе излижете прсти и ќе сакате уште.

Потребни состојки:

  • 600g свинско филе
  • 2 големи глави кромид
  • 4 моркови
  • 6-7 компири
  • Малку масло
  • 1 лажица сенф
  • Сол по вкус
  • Зачини за месото: лук во прав, црн бибер, лут црвен пипер или буковец, оригано, босилек, куркума, рузмарин

Начин на подготовка:

  • Исечете го филето на парчиња и маринирајте го со сенфот, зачините и малку маслиново масло, покријте го со фолија и ставете го во фрижидер неколку часа да ги впие вкусовите.
  • Компирите и морковите исечете ги на парчиња по желба, па кратко обарете го компирот, околу 10 минути за поубаво да се испече.
  • Месото пропржете го на малку масло од двете страни, колку да фати убава кора и боја и потоа тргнете ги парчињата од тава, па во истото масло пропржете го ситно сечканиот кормид.
  • Загрејте ја рерната на 230°C, а ако имате лиено тенџере со капак, загрејте го и него.
  • Во тенџерето/тавата ставете го прво кромидот, потоа компирите и морковите, а на крај месото, ставете малку вода (до половина, без да го прелиете цело јадење) и печете со капак 50-60 минути.
  • Пред крајот, тргнете го капакот и печете уште 10-тина минути за убаво да се запече.

Видео постапка:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg