Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори

Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени кори, но ако ви се прави брзински појадок, имаме рецепт за вас.

recept-za-brzi-banichki-so-meso-od-gotovi-kori-01.jpg

Доколку сте љубител на банички со месо, сега може да си ги подготвите и сами, дури и ако не сте многу вешти во кујна.

Оригиналниот рецепт не е со готови кори, но ако сакате брзинска верзија, тогаш ова е идеален рецепт.

Потребни состојки:

  • 400g мелено месо
  • 1 главица кромид
  • Сол и бибер
  • Кори за пита (12 листови за 6 банички)
  • 100ml масло

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.
  • Исечкајте го ситно кромидот и измешајте го меленото месо и зачин по вкус.
  • Во чаша измешајте 100ml вода и 100ml масло (пред секое користење треба да се измеша).
  • Ставете две кори, така што во мал дел ќе бидат преклопени една врз друга (погледнете на видеото) и премачкајте ги со мешавината од вода и масло.
  • Земете 1/6 од смесата со месото и наредете насекаде по малку.
  • Заролајте ги корите по должина, а потоа оформете баничка (погледнете во видеото), па наредете ги на претходно намачкан плех со масло.
  • Одозгора премачкајте ги повторно со мешавината од вода и масло.
  • Печете на 180°С на долниот дел од рерната 35-45 минути, или додека не добијат златно-кафеава боја.

Погледнете видео постапка:

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg