Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави

Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме две предлог крем салати со кои ќе ја збогатите трпезата, а се поздрава верзија од традиционалните. 

recept-za-dve-vkusni-krem-salati-idealni-za-mrsnite-slavi-01.jpg

Ако периодов имате слава или друг тип на домашна прослава пред да започнат божиќните пости, предлагаме да ја збогатите вашата трпеза.

Покрај многуте други јадења, може да послужите крем салата која можеби досега не сте ја правеле, ниту знаеле или сте ја подготвувале на друг начин.

Во продолжение рецепт за две здрави и вкусни крем салати кои одговараат со секое мезе:

Салата со пиперки

Потребни состојки:

  • 3-4 црвени пиперки
  • 200g пилешки гради/шунка
  • 170g кашкавал
  • 600g грчки јогурт (или 400g павлака и 200g мајонез ако ја сакате оригиналната верзија)
  • 2 супени лажици сенф
  • Малку сол

Начин на подготовка:

  • Измијте ги пиперките, наредете ги на хартија за печење и печете на 230°С околу 20-25 минути.
  • Така испечени, ставете ги во кеса, заврзете ги и оставете да се изладат.
  • Кога ќе се изладат, излупете ги и исчистете од семки, па исечкајте ги ситно.
  • Измешајте ги во сад со исечкана шунка и рендан кашкавал, а на крај додадете го преливот од павлака, мајонез и сенф (или само грчки јогурт и сенф зависи која верзија ја сакате повеќе).
  • Додадете малку сол по вкус, измешајте и оставете ја во фрижидер неколку часа.

recept-za-dve-vkusni-krem-salati-idealni-za-mrsnite-slavi-02.jpg

Видео постапка:

Пилешка салата со кикиритки:

Потребни состојки:

  • 250g пилешко филе
  • 100g печени кикиритки
  • 2 супени лажици сусам
  • 4 кисели краставички
  • 300-400g грчки јогурт
  • 1 лажичка сенф
  • Зачини по желба

Начин на подготовка:

  • Сварете го пилешкото месо па исечкајте го во сечко, процесор за храна или сами исцепкајте го, а потоа ситно исечкајте ги и кикиритките.
  • Исечете ги краставиците на ситни крукчиња и измешајте ги со месото и кикиритките.
  • Сите состојки убаво измешајте ги со грчкиот јогурт и одозгора посипете со испечен сусам.

recept-za-dve-vkusni-krem-salati-idealni-za-mrsnite-slavi-03.jpg

Видео постапка: 

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg