Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики

Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционалните грчки таверни - а сега може да ги подготвите и дома.

recept-za-krckavi-tikvichki-kako-vo-grchka-taverna-so-sos-od-caciki-01.jpg

Сигурно во сезоната на тиквички често си пржите дома. Но, дали секогаш ви излегуваат крцкави, како што ги служат во грчките таверни или не?

Ако сакате и дома да јадете крцкави тиквички, како кога сте на одмор, пробајте го овој рецепт.

И секако, послужете ги тиквичките со цацики (оригиналниот грчки рецепт за цацики е ТУКА).

Потребни состојки:

  • 4–5 тиквички (околу 800g), исечени на многу тенки кругови
  • 140g сенаменско брашно
  • 1/2 чаша (80g) гриз
  • Сол и црн пипер по вкус
  • Маслиново масло, за пржење

Начин на подготовка:

  • Исечете ги тиквичките на многу тенки кругови со остар нож, па ставете ги во цедалка поставена над сад.
  • Посипете обилно со сол, добро промешајте и оставете ги да отстојат околу 1-2 часа додека целосно не се ослободат од вишокот течност.
  • Во сад со капак, измешајте го брашното, гризот и биберот, па во него ставете ги тиквичките.
  • Затворете го садот со капакот и добро протресете додека сите тиквички не се одвојат една од друга, а смесата од брашно рамномерно да се распореди на нив.
  • Пржете ги тиквичките во маслиново масло на средно-висок оган додека не добијат златна боја и не станат крцкави од двете страни.
  • Префрлете ги на чинија обложена со хартија за да се впие вишокот масло.
  • Сервирајте ги топли со цацики и свеж сок од лимон.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава