Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто

Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите како предјадење за гостите, или пак, да ги испечете како вкусно мезе за домашните.

recept-za-krckavi-pica-stapchinja-za-koi-ne-treba-da-mesite-testo-01.jpg

Како доаѓа есента, мирисот на тазе печено тесто е еден од омилените во кујната.

Ако сакате да подготвите нешто набрзина и да го испечете, тогаш можете да ги пробате овие крцкави пица стапчиња.

Најдобриот дел е што не треба да месите тесто, туку да користите готово лиснато тесто.

Потребни состојки:

  • 600gг лиснато тесто (2 пакувања од по 300g)
  • 40ml кечап или доматно пире
  • 10g оригано
  • 150g кашкава
  • 20g магдонос
  • 1 јајце

Начин на подготовка:

  • Развлечете го едното лиснато тесто со сукало, па премачкајте го со кечап или доматно пире.
  • Врз тоа наросете ги ориганото, ренданиот кашкавал и ситно исечканниот магдонос.
  • Сега, расукајте го второто тесто, да биде со иста големина колку првото, па преклопете ги.
  • Исечете го тестото на ленти, па премачкајте ги со изматено јајце.
  • Секоја лента извиткајте ја како во видеото, па ставете ја врз плех обложен со хартија за печење.
  • Ако ви остане уште јајце, премачкајте го горниот дел од стапчето со него.
  • Печете во рерна претходно загреана на 180 степени околу 20 минути.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg