Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна

Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се јаде гибаница, пробајте го овој рецепт - нема шанса да не ви успее.

brza-pita-so-gotovi-kori-im-uspeva-i-na-tie-shto-ne-se-veshti-vo-kujna-001.jpg

Можеби ви е топло да печете пити и гибаници во овој дел од годината, но тоа не е причина да не ја направите оваа брза пита со сирење.

Се подготвува многу едноставно, за само 10 минути, а потоа останува да внимавате при процесот на печење.

Крајниот резултат е вкусна, мека пита, од која ќе барате парче плус.

Потребни состојки:

  • 4 пакувања готови кори за пита
  • 1 шише минерална вода
  • 1 чаша млеко
  • 1 филџан масло
  • 2 јајца
  • 100-150g фета сирење

Начин на подготовка:

  • Корите за пита ставете ги една врз друга и превиткајте ги во вид на ролат.
  • Сечете со остар нож со дебелина на прст и ставете ги во длабок сад.
  • Со прстите убаво поминете низ нив за да се одвојат парчињата едно од друго.
  • Тавата за печење намастете ја со масло, па ставете околу половина од корите.
  • Во друг длабок сад ставете ги јајцата и изматете ги со киселата вода, маслото и млекото (по вкус може да додадете и малку сол).
  • Прелијте ги корите со половина од смесата, па ставете го сирењето (рендано или може да го здробите со раце).
  • Ставете го преостанатото тесто, па прелејте ја питата рамномерно со преостанатиот сос од јајца и кисела вода.
  • Печете во загреана рерна на 180-200 степени (зависно од тоа како ви пече рерната) околу половина час (или додека питата не добие златно-кафеава боја).
  • Послужете ја изладена или топла, со јогурт или салата од домати.

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?... „Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ „Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg