Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја подготвите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има совршен вкус.

Освежителна и вкусна, оваа овошна пита мора да ја пробате.
Рецептот е едноставен, а самата пита се подготвува релативно брзо.
Пробајте ја и уживајте во вкусот на боровинки и лимон.
Потребни состојки:
- 500g кори за пита
- 250g несолен путер, стопен
- 500ml слатка павлака
- 125g шеќер
- 5 јајца
- 1 лажица арома на ванила
- Кора од 2 лимона
- 300g боровинки
- Шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Корите треба да се на собна температура, а путерот да е растопен.
- Првата кора премачкајте ја со растопениот путер, па врз неа ставете втора. Потоа, свиткајте ги во форма на „хармоника“.
- Корите редете ги во тркалезно тавче за печење (25cm) во форма на роза, така што таму каде што завршува првата кора ќе продолжите да ја редите втората.
- Кога ќе ја наполните тавата, прелијте ги корите со преостанатиот растопен путер.
- Печете околу 15 минути на 180 степени (или водете се од својата рерна) додека не поруменат.
- Во длабок сад ставете ги слатката павлака, шеќерот, јајцата, екстрактот од ванила и кората од лимон и матете додека убаво да се соединат.
- Со оваа смеса рамномерно прелијте ги печените кори, па одозгора обилно посипете ги со боровинките.
- Вратете ја питата во рерна и печете уште околу 30 минути на 180 степени, додека не порумени.
- Кога ќе ја извадите од рерната, оставете да се излади 10-15 минути, па посипете ја со шеќер во прав и послужете ја.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува в...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз
Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
-->
