Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто време лесно и едноставно, а примамливо за на трпеза.

Љубителите на модар домат веднаш ќе посакаат да го пробаат, а на оние кои не го обожаваат вкусот, овој рецепт може да им го промени мислењето.
Состојките немаат точна количина, може да ги правите зависно колку ви е потребно и колку полнети сакате да бидат.
Потребни состојки:
- Модар домат
- Бршано
- Сол
- Масло
- Крем сирење
- Копар
- Сок од 1 лимон
- Ореви, мелени
Начин на подготовка:
- Исечете го модриот домат на кругови, посолете го секој круг и извалкајте го во брашно, па пржете на загреано масло од двете страни.
- Во мал сад измешајте ги крем сирењето, копарот и сокот од лимон, а во друг сад ставете ги мелените ореви.
- Намачкајте го секој круг со филот, превиткајте на половина и извалкајте во ореви, па сервирајте.
Кликнете за да погледнете видео постапка:
М. М. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште
Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон
Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
-->
