Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го подготвите? Го имаме идеалниот рецепт!

Овој рецепт со пилешко е совршен за деновите кога сакате да направите брз, а вкусен ручек.
На комбинацијата од вкусови нема да ѝ одолее никој од семејството, или гостите (ако го подготвувате за нив).
Како да го приготвите овој сочен ручек?
Потребни состојки:
- 2 парчиња пилешки гради
- 2 китки спанаќ
- 1-1 ½ шолја шери домати
- 2 чешниња лук
- 100ml масло
- 200ml неутрална павлака
- Сол, бибер, црвен пипер по вкус
- 2 лажички нишесте
Начин на подготовка:
- Пилешките гради исечкајте ги од едната страна (како во видеото) за да може полесно да ги впијат зачините (сол, бибер, црвен пипер и нишесте) и со раката убаво втријте ги во месото.
- Препрежете ги на масло, да заруменат убаво од двете страни.
- Во друга тава ставете ги шери доматите (исечкани на половина), ситно исечканите чешниња лук и листовите спанаќ.
- Откако ќе почнат да омекнуваат, додадете ја неутралната павлака, па промешајте за да се спојат убаво.
- Ставете ги пилешките гради во тавата со сос, покријте со капак и оставете да крчка околу 5 минути.
- Тргнете го на страна и послужете го топло.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Вкусно летно рижото, со пилешко и лимон
Дури и храната што ја подготвувате вообичаено може да има поинаков шмек ако малк...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус
Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Шпагети со ракчиња во сос од домати - вкусен рецепт кој потсетува на лето и море
Имате ли навика кога одите на море, барем еднаш да седнете во рибен ресторан или...
Летна манџа со домати и пиперки - најслаткото јадење кога сте гладни
Легендата вели дека во лето, кога некое дете на Балканот ќе каже дека му се јаде...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
-->
-->
