Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете во малку поинаква форма - како сендвич чиј вкус ќе ве воодушеви.

Сендвичот се подготвува лесно, а состојките се исти како оние за популарната салата.
Единствено е различен начинот на кој ги „редите“ состојките, а наместо да јадете салата со виљушка, треба да гризнете од сочниот сендвич.
Како да го подготвите?
Потребни состојки:
- 1 парче пилешки филети пресечено на 3 дела (во вид на шницла)
- Брашно, јајце и презла од око (за валкање на пилешкото)
- Зелена салата
- 3 тенки парчиња сланина
- Багет леб
- Малку пармезан
За преливот:
- 1 лажица мајонез
- 1 лажица грчки јогурт
- 1 лажичка сенф
- Сол и бибер по вкус
- Сок од половина лимон
- 1–2 лажички маслиново масло
- Пармезан по вкус
Сос за премачкување на лебот:
- Малку путер
- Сечкан лук
- Сечкан магдонос
- Зачини од Прованса (се купуваат во маркетите)
Начин на подготовка:
- Пилешкото филе исечете го по должина на 3 дела и истенчете го со толчник или сукало за да добие форма на шницла.
- Во чинија измешајте брашно и презла, а во друга изматете едно јајце, па извалкајте го пилешкото прво во сувата смеса, а потоа во јајцето.
- Испрежете го и тргнете го на страна.
- Измијте ја зелената салата (или ако најдете ајсберг салата), па пресечете ја на ситни парчиња и ставете ја во длабок сад.
- Подгответе го преливот за салата - спојте ги мајонезот, грчкиот јогурт, сенфот, па исцедете лимот, зачинете со сол и бибер и додајте го маслиновото масло.
- Сите состојки убаво спојте ги, а на крајот додадете рендан пармезан (количината по желба), па уште еднаш добро промешајте.
- Прелијте ја зелената салата со сосот.
- Во меѓувреме испржете ги резанките сланина, па исечкајте ги на мали парченца - додадете ги и нив во салатата.
- Багетот пресечете го на парчиња колкави што сакате да ви бидат големи сендвичите, а потоа секое парче пресечете го по должина.
- Извадете ја средината од лебот (како во видеото).
- Во мал сад ставете путер, селкан лук и магдонос, па зачинете со зачините од Прованса (или друг зачин по ваша желба).
- Со оваа смеса премачкајте го секое парче од багетот, наросете малку рендан пармезан и ставете ги да се печат.
- Кога ќе заруменат и станат крцкави, извадете ги од рерната.
- Врз секое парче ставете Цезар сос, па парче пилешко и наросете пармезан, па ставете обилно и од сочната зелена салата.
- Ставете уште малку парчиња крцкава сланина, една лажичка памезан и завршете го сендвичот со горниот дел од печеното багет лепче.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ
Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...