Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан
Ова е рецепт на кој нема да одолеат љубителите на кремасти и сочни сосови за паста - се прави со шери домати, пармезан и многу зачини, лесен е, а превкусен.

За пастата да биде вкусна, не мора секогаш да имате тешки состојки и може да направите сочен сос со помош на зеленчук, зачини и малку пармезан.
Оваа кремаста паста ќе ви стане омилена, а се подготвува лесно, со состојки што сигурно често ги имате дома.
Потребни состојки:
- 400g шери домати
- Лук, 15 чешниња
- Сол, бибер, оригано
- 10ml маслиново масло
- 80g крем сирење
- 20g пармезан за во сосот
- 30g босилек
- 800ml вода
- 250g шпагети
- 20g пармезан за на крај
Начин на подготовка:
- Наредете ги шери доматите во плех на хартија за печење, зачинете со зачините по желба и истурете маслиново масло насекаде по нив и ставете ги да се печат.
- Ставете ги испечените домати (но оставете неколку домати без да ги блендирате) и лукот заедно со крем сирењето, пармезанот и босилекот во блендер и соединете ги состојките.
- Истурете го сосот во тава, додадете неколку печени шери домати што претходно ги оставивте, истурете ги шпагетите, измешајте и повторно ставете пармезан, па на тивок оган промешајте.
- Послужете со свеж босилек и уживајте во кремастата паста.
Видео постапка:
M. M. | Црнобело
-->
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
-->
