Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт

За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а најверојатно полесен за правење. Зошто да не го пробате?

rolat-ekler-poinakov-nachin-da-go-podgotvite-vashiot-omilen-desert-01.jpg

Ако сакате еклери, особено домашни, наместо да се мачите со нивната подготовка, можете да ја забрзате и поедноставите постапката ако направите еклер ролат.

Овој „џиновски еклер“ се топи во устата, а ќе ги изненадите и гостите и домашните со новата варијанта на омилениот кремаст десерт.

Потребни состојки:

За кремот:

  • 800ml млеко
  • 1 жолчка од јајце
  • 115g шеќер
  • 70g брашно
  • 40g нишесте
  • 2 полни лажици путер или маргарин
  • 1 пакетче ванила
  • 1 мала шолја ладно млеко
  • 1 пакетче шлаг

За тестото:

  • 100g путер или маргарин
  • 10g шеќер (една лажичка)
  • 1 прстофат сол
  • 200ml вода
  • 1 пакетче ванила
  • 125g брашно
  • 4 јајца

За преливот:

  • 100g млечно чоколадо
  • 100g темно чоколадо
  • + 25g бело чоколадо за декорација

rolat-ekler-poinakov-nachin-da-go-podgotvite-vashiot-omilen-desert-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Почнете од кремот - ставете ги шеќерот, жолчката од јајцето, млекото, брашното и нишестето во тенџере.
  • Гответе мешајќи постојано, додека не се згусне во убав, мазен крем.
  • Додека кремот е сè уште топол, додадете ванила и путер и мешајте за да се растопат.
  • Покријте го кремот со пластична фолија и ставете го во фрижидер да се олади.
  • Во меѓувреме, изматете го кесичето шлаг со чаша ладно млеко додека не се згусне.
  • Откако кремот целосно ќе се олади, прво изматете го еднаш со миксер, потоа додајте го подготвениот шлагот и повторно матете за да се спојат убаво.
  • За да го направите тестото, ставете ги водата, путерот, солта, шеќерот и ванилата во тенџере и почекајте да дојдат до точка на вриење.
  • Пред водата да почне да клокоти, додадете го брашното и мешајте без престан.
  • Кога ќе се соедини и ќе се формира тесто, се меша на шпоретот уште околу 3-5 минути, па тестото се остава да се олади.
  • Во изладеното тесто се додаваат јајцата едно по едно и се мешаат со миксер.
  • Кога целосно ќе се измеша и ќе стане лепливо, тесто се распоредува рамномерно на плех обложен со хартија за печење, а врз него се поминува со виљушка (како во видеото).
  • Се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 40-45 минути.
  • По ова време, оставете го испеченото тесто во топлата рерна околу 25-30 минути без да ја отворите вратата од рерната.
  • Потоа извадете го од рерна, навлажнете ја хартијата за печење и отстранете ја од тестото.
  • Ставете го кремот и формирајте ролат со притискање, за убаво да се залепат тестото и кремот.
  • На крај стопете ги црното и млечното чоколадо и со смесата прелејте го ролатот.
  • Декорирајте со стопено бело чоколадо.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на бе...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Турски рецепт за раванија со кокос, десерт за целото семејство Љубителите на раванија или на колачите со шербет без сомнение ќе уживаат во овој...

Најчитани неделава