Ролат со афион и ореви како во детството кај баба, по рецепт на нашиот Dave’s Kitchen
Дали и вас овој колач во вид на ролат со фил од афион и ореви ве потсетува на безгрижното детство кога одевте на гости кај баба? Можете сега и сами да си го направите, а домот да ви замириса на носталгија, по рецепт на нашиот Dave's Kitchen.

Давор или познат како Dave's Kitchen ни го носи вкусот на детството во кујна, преку рецептот за штрудла или ролат со фил од афион и ореви.
Доколку го обожававте овој колач кога одевте на гости кај баба или кај мама, сега може и сами да си го направите.
Тој го сподели својот рецепт, а по фотките се гледа дека нема да погрешите ако го повторите.
Потребни состојки:
За смесата:
- 800g брашно
- 350ml млако млеко
- 1 јајце
- 100ml масло
- 3-4 лажици шеќер
- прстофат сол
- 1 пакетче сув квасец

За филот со афион:
- 300g мелен афион
- 200g шеќер
- 200ml врело млеко
- 2 ванилин шеќер
За филот со ореви:
- 450g мелени ореви
- 200ml врело млеко
- 200g шеќер
- 2 ванилин шеќер

Начин на подготовка:
- Замесете тесто и оставете да стаса 40-50 минути.
- Направете ги двата фила – еден со афион, еден со ореви.
- Поделете го тестото на 2 дела, расукајте и премачкајте со филовите.
- Завиткајте во ролати, премачкајте со јајце.
- Печете на 200°C околу 25 минути.
- Оставете да се излади и пресечете на подебели парчиња.

М. М. | Црнобело
