Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз

Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте јаделе ли некогаш бугаца?

recept-za-originalna-grchka-bugaca-krckava-sochna-i-polna-so-fil-od-griz-01.jpg

Кори премачкани со путер, полнети со крем од гриз, сервирана топла со шеќер во прав и цимет - грчката бугаца има вкус на кој не може да му се одолее.

Ако сте ја јаделе додека сте на одмор, или ја избирате како појадок кога и да сте во Грција, зошто да не пробате да ја направите дома самите и да го израдувате и семејството?

Потребни состојки:

За кремот:

  • 1 литар полномасно млеко
  • 120g гриз
  • 130g кафеав шеќер
  • 1 лажичка екстракт од ванила
  • 50g несолен путер
  • 2 јајца
  • Kора од 1 лимон

За основата:

  • 15 листови готови кори (не многу тенки)
  • 200g несолен путер, растопен

За сервирање:

  • Шеќер во прав
  • Цимет

Начин на подготовка:

  • Загрејте го млекото со кафеавиот шеќер и ванилата во длабок сад на средна температура.
  • Додека млекото се загрева, изрендајте ја кората од лимон и лесно изматете ги јајцата.
  • Во млекото постепено додавајте го гризот, со постојано мешање, додека кремот не се згусне.
  • Тргнете го садот од оган, па додајте го путерот и мешајте додека целосно не се растопи.
  • Ставете ја кората од лимон, а на крајот многу полека додадете ги изматените јајца, и мешајте без престан додека кремот не стане мазен и густ.
  • Покријте го тенџерето со капак за да спречите да се создаде кора, па оставете го на работната површина за малку да се олади.
  • Не го ставајте во фрижидер - кремот треба да остане топол или млак.
  • Тавата во која ќе ја печете бугацата обилно премачкајте ја со путер.
  • Ставете еден лист кора на работната површина и премачкајте ја со путер. Врз неа ставете друга кора, па и неа премачкајте ја со путер.
  • Повторувајте додека не добиете 4 наредени намастени листови.
  • Петтата кора ставете ја во центарот, превиткајте ја на четири дела и врз неа ставете ⅓ од кремот (како во видеото).
  • Превиткајте ги страните од останатите кори навнатре за да го затворите филот, формирајќи правоаголна форма. Префрлете ја готовата бугаца во тавата за печење.
  • Повторете ја постапката уште двапати, за да добиете вкупно три бугаци.
  • Печете во претходно загреана рерна на 180°C околу 1 час, или додека не добие златна боја и не стане крцкава.
  • Оставете да отстојат 10 минути, исечете ги на парчиња и обилно наросете ги со шеќер во прав и цимет.
  • Сервирајте ја бугацата топла.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...

Најчитани неделава