Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди

Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ги сите состојки во тава, ставете на рингла и за кратко имате совршен чоколаден колач.

leten-chokoladen-kolach-se-pravi-vo-tava-nema-pechenje-i-nema-shansi-da-ne-vi-se-pogodi-01.jpg

Како што доаѓаат топли денови, така повеќето почнуваат да бараат алтернативни рецепти за побрзо готвење, без многу време потрошено во кујна.

Таков е овој чоколаден колач, кој се прави во тава на рингла, сите состојки се мешаат, а на крај се прелева со чоколаден прелив.

Дури и да не сте многу вешти во кујна, тешко дека нема да ви се погоди овој рецепт. 

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 220g шеќер
  • 190ml млеко
  • 100g масло
  • 225g брашно
  • 4 лажици какао
  • ½ ќесичка прашок за печиво

За преливот:

  • 150g млечна чоколада
  • 50g путер

Начин на подготовка: 

  • Во длабока и (задолжително нелеплива) тава измешајте ги прво течните состојки, а потоа додадете ги сувите и мешајте додека да добиете хомогена смеса.
  • Исчистете ги рабовите на тавата и ставете на рингла на слаб оган, поклопено со капак, околу 25-30 минути.
  • Исклучете ја ринглата, но оставете уште 10-тина минути без капак, за да се стегне (проверете со чепкалка за заби дали е стврднато тестото).
  • Во помал сад стопете ги чоколадото и путерот и прелијте го колачот.

Погледнете видео постапка: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...

Најчитани неделава