Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил
Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја подготвите оваа брза верзија во тавче.

Ова не е класичен бурек, но е подеднакво вкусен.
Крцкав однадвор, сочен внатре поради филот од два типа сирење, а вие ќе сакате парче плус.
Потребни ви се само 5 минути да го подготвите и уште 10-ина за да го испржите.
Како се подготвува?
Потребни состојки:
- 1 пакување готови кори за пита
- 2 јајца
- 1 шолја млеко
- ½ филџан маслиново масло
- 50g рендан кашкавал (по вкус)
- 50g фета сирење (или некое што се топи)
- Магдонос по вкус
Начин на подготовка:
- За овој рецепт можете да го користите вашиот омилен фил, не мора да се два типа млечни производи.
- Најпрво, измешајте ги јајцата, млекото, маслото и солта и добро изматете ги.
- Исечете ги корите за пита на ленти со ножици, па со раката (како во видеото) кревајте ги парчињата за да ги одвоите малку едни од други.
- Во тавче за пржење ставете масло, па распоредете ја половината од тестото на дното.
- Прелијте ги корите со половина од смесата од јајца, додадете ги сирењето и кашкавалот (и ако сакате магдоносот кој ќе го исечкате ситно), па покријте ја смесата со преостанатите тестенини, а врз нив додадете го остатокот од смесата со јајца и млеко.
- Пржете на тивок оган, покриено за да се создава пареа додека се пржи.
- Кога дното ќе добие златно-кафеава боја, превртете го бурекот, па запржете ја и другата страна, но овој пат без да го ставате капакот.
- Резултатот е одличен - домашна верзија на бурек кој е крцкав однадвор, а сочен однатре.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна
Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Сочен семеен ручек: Ќофтиња во сос со растопен кашкавал
Ако сакате брз и вкусен, сочен ручек за цело семејство или друштво, вреди да го ...
Домашен хумус од модар патлиџан, одличен за деновите кога постите
Почнаа Богородичните пости, па бидејќи е сезоната на модри патлиџани, ви нудиме ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
