Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори

Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Македонката Весна - ќе посакате и сами да ја направите.

vo-kujnata-na-vesna-od-kichevo-domashna-pita-so-praz-i-sukani-kori-01_copy.jpg

Весна Стефаноска од Кичево, е професорка по музичко, но обожава и да готви.

Во Фејсбук групата за размена на рецепти, „Македонска софра“, таа го сподели својот рецепт за домашна пита со кори кои ги сукала самата, а како фил овој пат избрала праз.

„Сукано со праз, без квасец, многу лесно и брзо“, вели Весна.

Од количината може да се направат две пити, а празот, по желба, може да биде жив или препржен.

vo-kujnata-na-vesna-od-kichevo-domashna-pita-so-praz-i-sukani-kori-011.jpg

Како да ја направите и вие оваа домашна пита?

vo-kujnata-na-vesna-od-kichevo-domashna-pita-so-praz-i-sukani-kori-02_copy.jpg

Потребни состојки:

  • За тестото:
  • 600g брашно
  • малку сол
  • мало филџанче масло
  • млака вода за замесување
  • За филот:
  • 2-3 страка ситно исечкан праз
  • Сол, бибер по вкус

vo-kujnata-na-vesna-od-kichevo-domashna-pita-so-praz-i-sukani-kori-03.jpg

Начин на подготовка:

  • Од сите состојки се замесува тесто, средно тврдо, а доколку има потреба, се додава уште малку брашно.
  • Тестото се дели на топчиња, а топчињата се сукаат веднаш.
  • За една пита се користат 6 топчиња - првото се прасукува, па се премачкува со масло и врз него се става втората исукана кора, пак се премачкува со масло, па се става третата кора.
  • Корите се ставаат во подмачкана тепсија па прв бив се нанесува филот од празот (жив или малку запржен, посолен и зачинет со бибер).
  • Врз филот се ставаат уште три кори, кои се редат исто како првите, со тоа што најгорната трета кора се растегнува со раце и се набираа во тепсијата (за да личи како на фотографиите).
  • Пред да се пече, питата се сече со нож.
  • Печењето е според вашата рерна, а се служи кога малку ќе се излади.

Забелешка: Наместо праз, филот може да е од зелка, спанаќ, сирење, месо, или по ваша желба.

vo-kujnata-na-vesna-od-kichevo-domashna-pita-so-praz-i-sukani-kori-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?... „Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Кремаста Киндер буено торта без печење, ќе ја обожава цело семејство Ако ви се јаде нешто благо, уште денес можете да ја подготвите токму оваа торта ...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg