Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?“
„Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално тоа е вкусот кој мириса на дом. Мммм... крцкавите кори и испржениот праз, кој е мек и малку сладок, за мене е совршена комбинација“, вели Сашка Петровска и за CRNOBELO.com го споделува рецептот од мајка ѝ.

Дали сте и вие вљубеници во питата со праз? Ако сте, и ако и вам ви враќа мирис на детство и спомени од домот на баба, тогаш рецептот од Сашка Петровска од Куманово ќе ви се допадне.
Таа е домаќинка, на која приготвувањето на ниту едно јадење не ѝ е проблем, но сепак најмногу обожва кога готви по старите рецепти од мајка си.

Сашка за CRNOBELO.com споделува како прави тегнета пита со праз:
„Знам дека постојат многу рецепти за овој наш македонски специјалитет, но јас ќе ја објаснам мојата верзија, или онака како мене мојата мајка ме научи.
Прво, зошто праз? Па, има ли повкусен зеленчук од празот во баница?
фото: depositphotos.com
Крцкавите кори и испржениот праз кој е мек и малку сладок - тоа е совршен баланс.
Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално тоа е вкусот кој мириса на дом.

Тегнета баница е едно од јадењата кое потсетува и на детство, таа е симбол на љубов и заедништво.
Сега, кога објаснив какво значење има за мене, можеме да почнеме да ја правиме (ха-ха)... Лесно е!“

Рецепт за тегнета баница со праз
За тестото:
Потребни состојки:
- 500g брашно
- 1 лажичка сол
- 1 лажица масло
- 250-300ml млака вода

За филот:
- 2-3 страка праз
- и уште околу 100ml масло за премачкување
- и љубов, многууу љубов.

