Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви колач со суво овошје, а рецептот го сподели со читателите на CRNOBELO.com.

Во деновите кога сите ги подготвуваат омилените рецепти за бадниковата и божиќната трпеза, Симона од Скопје направи куглоф колач со суво овошје - од својот тефтер со рецепти.
Колачот, за кој вели дека е вкусен, се подготвува лесно, па можете да го направите уште денес (особено што во овој период во домот најверојатно ги имате сите потребни состојки).

Потребни состојки:
- 3 јајца
- 1 кесичка ванилин шеќер
- 2 шолји шеќер (од 200ml)
- 1 прашок за пециво
- 1 голема лажица цимет
- 1 шолја масло
- 1 шолја млеко
- 3 шолји брашно
- 400g суво овошје (по желба)
- рендана кора од 1 лимон и од 1 портокал
- 100g чоколадо (рендано)

Начин на подготовка:
- Се матат 3 јајца и во нив се додава ванилата, 2 шолји шеќер, прашокот за пециво, циметот, маслото, млекото и трите шолји брашно.
- Смесата се мати со миксер додека да стане мазна, па во неа се додава 400g суво овошје по вкус (суво грозје, сува кајсија, брусница, сува смоква, сув ананас - ситно сечкани или друго суво овошје по избор).
- Смесата се меша со лажица додека не се соединат сите состојки рамномерно.
- Потоа се додава рендана кора од 1 лимон, рендана кора од портокал и 100g рендано чоколадо.
- Повторно се меша убаво со лажица и се става во калап за куглоф колач подмачкан со масло и посипан со брашно.
- Колачот се пече во загреана рерна на 180°C со вентилатор 50 минути (или 55 минути ако рерната е без вентилатор).
- Се вади и се остава да се излади и на крај се посипува со шеќер во прав или чоколаден прелив.
Повеќе фотографии:

-->
-->

-->



А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?...
„Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ
„Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
