Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?“
Начин на подготовка:
- Прво го правиме тестото. Во длабок сад мешаме брашно и сол, го додаваме маслото и постепено додаваме млака вода. Месиме околу 20 минути.
- Тестото треба да биде еластично и меко.
- Го делиме на 3 топчиња.
- Малку ги расукуваме и ги премачкуваме со масло и ги оставаме да одморат околу 45 минути.
- Додека топчињата одмoраат, време е за филот.
- Празот ситно го сечкаме и го пржиме кратко, на малку масло колку да омекне.
- Сега, почнуваме со тегнење на корите.
- Со намрсени раце врз чаршаф растегнуваме колку што можеме потенко.
- Краевите ги отсекуваме со остар нож.
- Расфрлуваме од филот насекаде на кората и со помош на чаршафот ја завиткуваме кората.
- Истото го правиме и со останатите кори.
- Ја редиме кружно секоја кора.
- Ја пропрскуваме целата баница со масло и ја печеме на 200 степени Целзиусови додека убаво порумени, околу 30 минути.
- Потоа, јадеме, се разбира! На здравје...


Прочитајте и 3 предлог мезиња за со ракија од Сашка - домаќинка од Куманово, на која готвењето ѝ е страст
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје
Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ
„Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...
Во кујна со Сузана Гавазова - Компир манџа по рецепт од мајка ѝ и домашно месено лепче во боја
„Растев со мирисот на свежо печено лепче, со звуците од кујната каде мајка ми ти...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
