3 предлог мезиња за со ракија од Сашка - домаќинка од Куманово, на која готвењето ѝ е страст
„За мене мезето не е само предјадење – тоа е доживување, опуштено дружење преку храна. А најважната состојка за добро мезе се добрите луѓе со кои го делиш. Искрено, најдобриот партнер за мезе ми е мојот сопруг...“, вели Сашка од Куманово.

Сашка од Куманово ужива во улогите на сопруга, мајка и домаќинка. Таа е мајка на Никола и повеќе од една деценија е во среќен брак.
Сашка не е во работен однос и вели дека грижата за семејството и домот ѝ е најубавата обврска во животот.
Покрај готвењето, најголемо задоволство ѝ е мезењето со сопругот со чашка студена ракија.
Таа за CRNOBELO.com ги открива нејзините топ 3 предлози за мезе.
Сашка шеговито објаснува што значи зборот „мезе“:
„Да се знае: најголемото балканско откритие е мезето и точка.
Јадеш, а не јадеш. Не јадеш, а сит си. Сит си, а можеш уште!
Малку шега, но шегата е половина здравје, а за другата половина ви треба малку ракија и добро мезе.

За мене мезето не е само предјадење – тоа е доживување, опуштено дружење преку храна. А најважната состојка за добро мезе се добрите луѓе со кои го делиш.
Искрено, најдобриот партнер за мезе ми е мојот сопруг.
Секогаш кога имам слободно време, го отворам фрижидерот и според тоа што ќе најдам, правам мезе – без рецепт, затоа што највкусното мезе се прави од срце“.

Нејзините три предлози за мезе со студена ракија:
Макало со грчки јогурт, краставици, печени пиперки, ореви, нане, копар и маслиново масло.
- Изрендајте ги краставиците и измешајте ги со грчкиот јогурт.
- Додајте ги испечените и ситно исечкани пиперки.
- Оревите грубо исечкајте ги и измешајте ги со останатите состојки.
- Од зачини, одлично оди копар, нане, а, секако, не може без малку маслиново масло.

