Кремаста Киндер буено торта без печење, ќе ја обожава цело семејство

Ако ви се јаде нешто благо, уште денес можете да ја подготвите токму оваа торта - и крцкава и кремаста, иста како познатиот десерт.

kremasta-kinder-bueno-torta-bez-pechenje-kje-ja-obozhava-celo-semejstvo-01.jpg

Дали познавате човек кој не го сака слаткиот кремаст вкус на Киндер буено?

Ако сте и вие љубител на овој крцкав и сочен десерт, тогаш сигурно ќе ја обожавате и тортата што се подготвува брзо и лесно, а за неа ќе ви требаат само неколку состојки.

Ако викендов ви се јаде нешто благо, можете да ја подготвите токму оваа торта.

Потребни состојки:

  • 280g мелени бисквити
  • 100ml топло млеко
  • 300g крем сирење
  • 200g намаз од лешници
  • 2 лажици еритритол (природен засладувач) или 2-3 лажици обичен шеќер
  • Неколку капки екстракт од ванила
  • 100g темно чоколадо (растопено)

Начин на подготовка:

  • Во длабок сад спојте ги бисквитите со топло млеко, па кога ќе добиете хомогена смеса, ставете ги на дното на калапот за торти.
  • Оставете подлогата за да се олади додека го подготвувате кремот.
  • Измешајте ги крем сирењето, намазот од лешници, еритритолот (или шеќерот) и ванилата со миксер за добиете мазна смеса.
  • Намачкајте ја основата со филот, па прелијте ја тортата со стопено темно чоколадо.
  • По желба, украсете ја со парчиња Киндер буено.
  • Оставете во фрижидер да се стврдне, по можност преку ноќ, па послужете ја.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец... „Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за домашна посна паштета – за деновите кога сакате да намачкате намаз на леб Ако постите, а имате потреба од вкусен намаз за леб, кој ќе ви се најде во кое б...

Најчитани неделава