Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините деца
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми е главниот виновник зошто тие се толку вкусни. Кога Вања и Кира ќе ми кажат ‘Мамо, ај не лажи, ова дедо го донесе, баба го направила’, значи сум го погодила ептен ручекот“, вели за CRNOBELO.com Катарина и сподели рецепт за боранија со јунешко.

Нашиот топ модел Катарина Ивановска, кога е дома, еден дел од времето го поминува во кујна.
Таа сака да готви, прави различни солени специјалитети, но и секакви манџи, зашто им се омилени на нејзиниот син Вања и ќерката Кира.

Таа ни откри дека децата ги обожаваат нејзините манџи, особено грашок, боранија, леќа, а многу сакаат да јадат брокула и прокељ.
За CRNOBELO.com, Катарина го сподели својот рецепт за боранија со јунешко месо, еден од омилените ручеци на Вања и Кира, а ни раскажа и за својата љубов кон готвењето:
„Животот ме натера да почнам да готвам, ха, ха. Живеев на друг континент 10 години од мојата 18-та година.
За мене готвењето не претставува обврска или мака, напротив уживам во готвењето, но и да експериментирам и играм со вкусови.
Не сум љубител на слатки работи, не јадам колачи и торти. Но, знам да направам лесен и брз, здрав десерт.

Готвам сè и сешто. Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи.
Мајка ми е главниот виновник зошто сите манџи се толку вкусни. Виберот ни е полн со рецепти.
Кога Вања и Кира ќе ми кажат ‘Мамо, ај не лажи, ова дедо го донесе, баба го направила’, значи сум го погодила ептен ручекот. Што би рекла мајка ми - ученикот стана подобар од професорот.

Утка во кујната имам само еднаш, и не ги фрлив шпагетите - туку цела тава, ха, ха.
Правев Cacio e pepe но пекориното не се стопи како што сакав и се направи гума.
А рецепт кој ми го фалат најмногу, би рекла риба со пире од цвекло“.
Риба со пире од цвекло
