Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи

Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација на друга. Тоа важи и за бајадерата, која многумина ја нарекуваат и „кралица на малите колачи“.

recept-za-domashna-bajadera-kralicata-na-malite-kolachi-01_1.jpg

Вкусот на чоколадо и ореви што се топат во устата е вистинско совршенство. А бајадерата е токму тоа.

Нејзината подготовка не е воопшто комплицирана, а освен за празници или за слава, множете да ја подготвите секогаш кога ќе ви се пријаде нешто слатко.

Како да подготвите домашна бајадера?

Потребни состојки:

  • 700g шеќер
  • 2dl вода
  • 250g маргарин
  • 300g мелени ореви
  • 350g мелени бисквити
  • 100g + 200g чоколадо за готвење
  • 4 лажици масло

Начин на подготовка:

  • Ставете го шеќерот во длабоко тенџере, покријте го со водата и оставете да се готви на тивок оган за да се добие смеса во вид на шербет.
  • Кога ќе почне да врие, оставете го шербет 3-4 минути да клокоти, а потоа тргнете го од шпоретот.
  • Додадете го маргаринот (исечкан на парченца) и мешајте додека не се растопи целосно.
  • Потоа додадете ги мелените бисквити и мелените ореви и добро мешајте за смесата да стане мазна.
  • Поделете ја смесата на два еднакви дела.
  • Растопете 100g чоколадо и додадете го во едната половина, па добро измешајте.
  • Во плех за печење ставете неколку капки масло за да го премачкате.
  • Прво истурете го темниот дел, израмнете го и оставете го кратко време да се стврдне.
  • Врз него, потоа, ставете го светлиот дел од смесата.
  • Кога бајадерата целосно ќе се стегне (по неколку часа), подгответе ја глазурата - растопете 200g чоколадо со масло на пареа и прелијте го колачот.
  • Оставете го неколку часа (или преку ноќ) да се стегне, па сечете го колачите во саканата големина со остар нож или скалпел.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за баклава полнета со Нутела и лешници – најдобрата што ќе ја пробате Традиционална баклава, но полнета со многу Нутела и ситно сечкани лешници – веро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg