Рецепт за баклава полнета со Нутела и лешници – најдобрата што ќе ја пробате
Традиционална баклава, но полнета со многу Нутела и ситно сечкани лешници – веројатно најдобрата верзија што сте ја пробале досега, а се подготвува многу лесно.

Ако сте љубител на чоколадни десерти, тогаш оваа баклава со Нутела ќе ви стане омилено благо.
Се подготвува лесно, а сочноста и чоколадниот вкус не се споредува со ниту една друга верзија на баклава.
Потребни состојки:
- 500g готови кори за баклава
- 400g Нутела
- 350g путер
- 200g лешници, ситно сечкани
- 250g бадеми, ситно сечкани
За шербет:
- 300g шеќер
- 200ml вода
- 1 лажица сок од цеден лимон
Начин на подготовка:
- Најпрво исечкајте ги бадемите и лешниците, стопете го малку путерот за полесно да се мачка и омекнете го Нутела кремот (може теглата да ја ставите во топла вода).
- Во плех ставете една кора, премачкајте ја убаво со путер, па одозгора ставете уште две кори, а притоа секоја мачкајте ја целосно со путер.
- На третата кора намачкајте убав слој од Нутела кремот и ставете од мешавината јаткасти плодови.
- Одозгора покријте со уште 3 кори, секоја премачкана со путер.
- Пресечете ја и печете 45-50 минути на 175°C.
- Во меѓувреме на средна температура во тенџере ставете ги состојките за шербет и кога ќе се соединат, врелиот шербет истурете го врз баклавата.
- На крај декорирајте со крем одозгора и со малку мелени јаткасти плодови.
Видео постапка:
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
