Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите

Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравчето течно, како манџа, а втората е да го потпечете и да добиете тавче-гравче со спанаќ.

posno-gravche-so-spanakj-i-domati-vkusen-ruchek-shto-kje-go-obozhavaat-site-01_copy.jpg

Овој рецепт е толку лесен за подготовка, но и вкусен што со него ќе го замените класичното гравче што го готвите.

За оние кои постат, ова е супер предлог за следните денови, а ако не постите, како прилог можете да додадете месо по своја желба.

Постојат две опции да го подготвите - првата е да го оставите течно, како манџа, а втората е да го потпечете па да добиете тавче-гравче.

posno-gravche-so-spanakj-i-domati-vkusen-ruchek-shto-kje-go-obozhavaat-site-02.jpg

Потребни состојки:

  • 5 лажици маслиново масло
  • 3 големи главици кромид, ситно исечкани
  • 4 чешниња лук, ситно исечкани
  • 1 лажичка (лута) буковка
  • 3 средно големи домати
  • Грав (количината според тоа колку вообичаено користите)
  • 1 ловоров лист
  • 400g спанаќ
  • Сол и бибер по вкус

posno-gravche-so-spanakj-i-domati-vkusen-ruchek-shto-kje-go-obozhavaat-site-04.jpg

Начин на подготовка:

  • Во тавче ставете го маслото и загревајте го на тивок оган, па ставете ги исечканиот кромид и лук.
  • Пржете додека кромидот не стане проѕирен, па додајте ги зачините и продолжете со пржењето уште неколку минути.
  • Засечете мал крст во основата на секој домат. Ставете ги во тенџере со врела вода 10-15 секунди, извадете ги и ставете ги веднаш во длабок сад со многу ладна вода.
  • На овој начин веднаш ќе им ја излупите кората, почнувајќи од основата каде што е направена вкрстената линија.
  • Исечкајте ги доматите на парчиња и спојте ги со омекнатиот кромид. Кога смесата ќе почне да врие, оставете ја уште 10 до 15 минути, мешајќи повремено за доматите да се претворат во густ сос.
  • Паралелно обарете го спанаќот и исечкајте го на поситни парчиња.
  • Во садот со домати ставете го гравот, ловоровиот лист и прелејте ги со вода.
  • Зголемете ја температурата за да почне да вриое, а потоа намалете ја и варете на тивок оган околу 2 и пол часа (или додека да се сварат убаво зрната грав).
  • Пред крај, додадете го спанаќот. Зачинете по вкус.
  • Доколку сакате, префрлете го во тавче и запечете го.

posno-gravche-so-spanakj-i-domati-vkusen-ruchek-shto-kje-go-obozhavaat-site-03.jpg

posno-gravche-so-spanakj-i-domati-vkusen-ruchek-shto-kje-go-obozhavaat-site-04_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg