Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна
Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши работа - како да направите вкусна тава со ориз и пилешки копани печени во рерна?

Тава ориз со пилешки копани е едно од најпопуларните домашни јадења кое се прави во секое семејство, но иако е навидум едноставно, сигурно не секој имал можност да научи да го направи.
Па наместо да експериментирате со специјалитети, време е да научите да зготвите традиционален домашен ручек.
Се прави многу едноставно, само следете ги чекорите и за почеток, не го оставајте јадењето без надзор.
Потребни состојки:
- 1 шолја ориз
- 4 пилешки копани
- 3 млади лукчиња
- 1 главица кромид
- 1 пашканат
- 2 моркова
- 700-800ml супа (разматена коцка супа во врела вода)
Начин на подготовка:
- Копаните ставете ги во тенџере со вода, кога ќе почнат да вријат, оставете ги 10-15 минути.
- Лукот, морковите и пашканатот исечкајте ги ситно и динстајте ги на загреано масло 5-6 минути, па додајте 100ml вода и продолжете со динстање додека не омекнат, со повремено додавање вода по потреба кога ќе испари.
- Кога зеленчукот ќе омекне, а водата ќе испари, додадете го оризот и уште 100ml вода, ставете бибер и по малку додавајте од супата во оризот додека да проврие.
- Кога ќе биде полусварен оризот, префрлете го во плех намачкан со масло, одозгора ставете ги копаните и прелејте со остатокот од супата па ставете ги во загреана рерна на 200°С.
- Печете околу 30-40 минути, додека водата не испари, а батаците не заруменат, а по потреба додадете уште вода ако испарува, а јадењето уште не е готово.
Видео постапка:
-->
-->
М. М. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
