Домашен хумус од модар патлиџан, одличен за деновите кога постите

Почнаа Богородичните пости, а бидејќи е сезоната на модри патлиџани, ви нудиме рецепт за домашен хумус од овој зеленчук - идеално мезе ако постите.

domashen-humus-od-modar-patlidjan-odlichen-za-denovite-koga-postite-01.jpg

Ако сте љубител на вкусот на модриот патлиџан, не мора да го подготвувате овој хумус само кога се постите, туку и преку цела година (ако имате замрзнати печени модри патлиџани).

Освен што хумусот е вкусен, брзо ќе ве засити, па можете да го јадете и како предјадење, како салата, дури и како оброк со потпечено, крцкаво лепче.

Потребни состојки:

  • 2 модри патлиџани
  • 1 кромид
  • 1 домат
  • 1 главица лук
  • Мала чинија варен наут
  • Мала чинија ореви
  • ¼ лажичка маслиново масло
  • Сол, мелен ким, црвен пипер

Начин на подготовка:

  • Измијте ги модриот патлиџан и доматот и ставете ги во тава, заедно со лукот и кромидот (кои ќе останат со лушпа) па испечете ги.
  • Кога ќе бидат готови, излупете ги, па сите состојки ставете ги во блендер или процесор за храна.
  • Додадете ги наутот, маслиновото масло и зачините.
  • Мешајте додека да се спојат сите состојки убаво и да добиете мазна смеса.
  • Хумусот ставете го чинија, одозгора ставете му малку маслиново масло и ситно сечкани оревчиња, па послужете го.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Потпечен модар патлиџан во доматен сос, по грчки рецепт Почнува сезоната на модри патлиџани, а со тоа и некои од нашите омилени јадења -...
Рецепт за домашна посна паштета – за деновите кога сакате да намачкате намаз на леб Ако постите, а имате потреба од вкусен намаз за леб, кој ќе ви се најде во кое б...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Најлесниот рецепт за домашен леб без месење Ако сте љубител на вкусот на домашен леб, а немате вештини за месење, овој рецеп...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg