Потпечен модар патлиџан во доматен сос, по грчки рецепт

Почнува сезоната на модри патлиџани, а со тоа и некои од нашите омилени јадења - пржен модар патлиџан со лук и магдонос, или полнет модар патлиџан со мелено месо.

potpechen-modar-patlidjan-vo-domaten-sos-po-grchki-recept-01.jpg

Но дали некогаш сте го пробале грчкиот специјалитет на потпечен модар патлиџан со доматен сон?

Ова е лесен и вкусен оброк, кој може да го послужите и како главно јадење или како прилог со храната, по ваша желба.

Потребни состојки:

  • 2 средни модри патлиџани, исечени на половина по должина
  • 2-3 лажици маслиново масло, за наросување
  • Сол и бибер по вкус

За сосот од домати:

  • 400ml доматна паста или обичен доматен сос
  • 80ml маслиново масло
  • 4 чешниња лук, ситно исечкани
  • 5 свежи листови босилек, исечкани
  • Сол и бибер, по вкус

За преливот:

  • 150 g фета сирење, издробено

Начин на подготовка:

  • Модрите патлиџани исечете ги на половина по должина, па со нож сечете вкрстено по нив, внимавајќи да не ја исечете кожата (како во видеото).
  • Прелијте ги со маслиново масло, зачинете со сол и бибер.
  • Ставете ги модрите патлиџани врз хартија за печење во плех и печете на 180°C околу 45 минути (додека да омекнат и добијат златна боја).
  • Штом ќе ги извадите од рерната, нежно нагмечете ги со лажица за да направите вдлабнатини во кои ќе го ставите сосот.
  • За сосот од домати, најпрво загрејте го маслиновото масло во тава.
  • Додадете го лукот и пржете една минута, по што ќе го ставите сосот од домати, босилекот, солта и биберот.
  • Крчкајте 20 минути или додека да се згусне, а вишокот вода не испари.
  • Наполнете го секое парче модар патлиџан обилно со сосот од домати, а одозгора ставете издробено фета сирење.
  • Послужете ги топли, со крцкав леб или свежа салата.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg