Што облекоа гостите на Лазаров награди 2026 во Скопје? (фото)
Дотерани, впечатливи, дел во креации од македонски модни дизајнери, се чини дека сите гости вложиле многу внимание во изгледот и изборот на гардеробата за овој гламурозен настан - Тамара носеше црн фустан со корсет, Благица Павловска сребрен фустан, а Марјана Станојковска избра смел фустан... Модата на Лазаров награди 2026.

Во весела атмосфера, со многу музика, стенд-ап и признанија за најдобрите во неколку категории, вчеравечер се одржа второто издание на Лазаров награди.

А на црвениот тепих, пред официјалниот почеток на шоуто, прошетаа бројни парови, јавни личности, родителите на Стефан и неговата сестра Марија, но и деловни соработници.
Родителите на Стефан, Анита и Орце Лазаров
Дотерани, впечатливи, дел во креации од македонски модни дизајнери, се чини дека сите вложиле многу внимание во изгледот и изборот на гардеробата за овој гламурозен настан.
Стефан и Димитар Атанасвски, кои ги пречекуваа гостите и правеа интервјуа на црвениот тепих, носеа елегантни костуми, едниот бел другиот тегет.

Сергеј Варошлија, кој исто така беше и водител на црвениот тепих, беше облечен во црно панталони и бело палто, со црна лента на „шнирање“ на грбот.
Дамите - воодушевија: Тамара Тодевска во црн фустан со корсет, Љупка Митрова во креација од нејзиниот моден бренд, Миа Костова во црнобел фустан, Маја Кикириткова во сопствена креација, но и Маријана Станојковска во смел фустан, Антониа Гиговска во костум, а и Марта, сопругата на Стефан Лазаров во зелено-резеда креација.
Што облекоа гостите на Лазаров награди 2026?
Миа Костова и Тијана Скулиќ

Љупка Митрова и Сергеј Варошлија

Стефан и Марта Лазарови


Тамара Тодевска и Лука Радовиќ

Игор Џамбазов со Сергеј Варошлија

Благица Павловска

Марјана Станојковска

Димитар Атанасовски

Мартија Станојковиќ и Матеј Казаков

Антониа Гиговска

Бојан Ковски

Маја Кикириткова

Тони Зен

Марко Маринковиќ Слаткар и Сања Николиќ

Јован Јованов, Тијана Димова, Пајак и Елвир Мекиќ

Илариа Кирилов и Мартин Трајановски

Тино Костадиновски

Вера Мештеровиќ

„Дупер“

