Ива е кул матурантка од Кочани со фустан од тантела - сама го нацртала дизајнот, прадедо ѝ бил главен кројач во градот
„Сама го нацртав дизајнот на мојот матурски фустан. Инаку, јас и моето семејство обожаваме мода. Мојот прадедо бил главен кројач и шивач за сите свечености во градот, човек кој со своите раце облекувал генерации, а денес јас и мојата мајка одиме по негови стапки“, вели Ива Ситновска, матурантка од Кочани.

Ива Ситновска е девојка од Кочани, која уште од мала живее со модата, уметноста и креативноста.
Токму затоа долго време го осмислувала својот матурски фустан од соништата и сама го нацртала дизајнот.
Ива за CRNOBELO.com вели:
„Потекнувам од фамилија која повеќе од 30 години е препознатлива во текстилната индустрија, а љубовта кон дизајнот ја носам уште од моите предци.

Мојот прадедо бил главен кројач и шивач за сите свечености во градот, човек кој со своите раце облекувал генерации, а денес јас и мојата мајка успешно ја продолжуваме таа приказна и традиција во модата и текстилот.

Нашето семејство е двигател во производството на машка и женска кошула, а модата отсекогаш била дел од мојот живот.

Уште од мала креирам женски кошули и фустани за возрасни и деца и секогаш сум верувала дека облеката треба да има душа.

Оваа матурска креација не е само фустан - ова е сон што го претворив во реалност.
Долго време го замислував токму вака, а секој детаљ го создадов со огромна љубов и посветеност.

Сама го нацртав дизајнот на овој фустан, а во неговата изработка ми помогна високо реномирана модна куќа.
