Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025
Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците? CRNOBELO.com беше дел од втората вечер на фестивалот и ви пренесуваме дел од атмосферата на црвениот тепих.

Синоќа (24.10) во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип се одржа втората вечер на најстариот фестивал на забавни мелодии во Македонија, „Макфест“.
40-тото издание на фестивалот започна ден претходно, со настапот на дебитантите, додека синоќа на сцената се појавија неколку звучни музички имиња од домашната естрада.

Павле Камилоски, Коки Јанков, Лара Иванова, Зоран Ванев, Јанг Дади се само дел од музичарите кои синоќа се претставија со нови песни пред публиката во салата и пред гледачите на ТВ-екраните.
Како и изминатите години, водители на вечерта беа Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски, додека специјални водители беа Стефан Лазаров и Стефан Николовски.

Денес ќе се одржи третата макфестовска вечер, каде што ќе пеат изведувачи кои оставија свој печат на фестивалот во изминатите 40 изданија, а ќе ги видиме „Силви бенд“, Тања Кочовска, Росана Сариќ, Сашо Гигов Гиш, Ристо Самарџиев, Питер Џон Босе, Лара и Пајак и други.
Во продолжение погледнете дел од фотографиите од модата на втората вечер на Макфест:







