Гвинет Палтроу без гаќи, Ен Хетавеј гламурозна - Најлошо и најдобро облечените ѕвезди на Оскари 2026
Гламур, стил, но и модни промашувања на црвениот тепих на најважната филмска ноќ во годината - што носеа дамите на Оскари 2026?

Вчеравечер (15.03) во Лос Анџелес, во театарот Долби, се одржа 98-то издание на Оскарите.
А најпрестижната филмска манифестација во годината донесе многу гламур на црвениот тепих, но и модни грешки кај голем број ѕвезди.

Овој пат на црвениот тепих доминираше црната боја, но и креации кои ја следат линијата на телото на дамите.
Во таков фустан се појавија актерките Ен Хетавеј, Деми Мур, Бела Торн, Роуз Бирн и други.

Дел од нив се решија за креации во светли бои (бела, шеќерно бела, крем) со тантела и карнери, а меѓу нив беше и Гвинет Палтроу, која не носеше долна облека под фустанот.
Погледнете што носеа ѕвездите на Оскарите 2026:
А. Ј. | Црнобело
