Модата на втората вечер на Shtip Fashion Days 2026: Што облекоа посетителите? (фото)
Зоки Давитков во жолти панталони со раскопчано бело сако, Маја Кикириткова промени два аутфити за денските и вечерните ревии, а голем дел од момците носеа храбри и креативни аутфити - што носеа посетителите на втората вечер на Shtip Fashion Days 2026?

На 18-ти април 2026 се одржа втората вечер од модното шоу Shtip Fashion Days 2026, во организација на Општина Штип.
Вториот ден се одржа во два дела, кога преку ден младите талентирани дизајнери имаа можност да ги покажат своите креации на модни ревии, а вечерта познатите модни брендови ги промовираа своите колекции.
Но, освен тоа што модата владееше на модната писта, и гостите издоминираа со своите аутфити.
На отворањето на првата вечер голем дел од посетителите се одлучија за црни, но впечатливи и уникатни креации.
И втората вечер гостите ја покажаа својата креативност и моден вкус, па Штип повторно блесна во полн моден сјај, како некогаш.
