Што облекоа гостите на забавата на „Убавина и здравје“ во Скопје? (фото)
Викторија Лоба, Чарна Невзати, Марис Џолин, Октај Сејди, Светлана Црнокрак се само дел од гостите кои уживаа на летната забава на модниот магазин, организирана во вила со базен на падините над Скопје. А каков аутфит избраа за вечерта?

Во пријатна атмосфера, вчеравечер се одржа традиционалната забава на магазинот „Убавина и здравје“, со која го испраќаме летото, наречена Bye Bye Summer.
Со многу музика, подароци за гостите, журка покрај базен, а со поглед на зајдисонцето, но и ноќните светла над Скопје, гостите се забавуваа до доцните вечерни часови.

А меѓу нив имаше многу пријатели и соработници на организаторите, пејачи, актери, модели, инфлуенсери, мејкап артисти...
Повеќето од нив навистина се потрудиле со изборот на аутфитот за забавата - кратки фустани, модели со исечоци, интересни костуми...

Повеќето дами избраа црн или кафеав аутфит, но имаше и такви кои се решија за светли бои (бела, бебешко розова) или за впечатливи црвени нијанси.
Погледнете што облекоа гостите на традиционалната забава на „Убавина и здравје“:










