Хајди Клум во „гол“ фустан - Најубаво и најлошо облечените дами на Греми 2026
Иако многу ѕвезди воодушевија со стилот, имаше и такви кои делуваа непристојно, како на пример пејачката Шапел Роан, чиј фустан e закачен со пирсови на брадавиците и не ги покриваше нејзините гради.

Вчеравечер во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Греми наградите, а на црвениот тепих продефилираа многу познати личности - музичари, модели, ријалити ѕвезди, неколку актери.
Меѓу највпечатливите беше Хајди Клум, која се појави во „гол фустан“, т.е креација во боја на кожа, припиенa за нејзиното тело, во која едвај одеше.

Сабрина Карпентер му оддаде почит на неодамна починатиот моден дизајнер Валентино, носејќи негова креација, Лејди Гага се појави во фустан со црни пердуви во стилот на „црниот лебед“, додека Мајли Сајрус избра костум со голем украс со буквите М и С, т.е нејзините иницијали.

Меѓу гостите имаше и такви кои делуваа непристојно, како на пример пејачката Шапел Роан, чиј фустан е закачен со пирсови на брадавиците и не ги покриваше нејзините гради (ТУКА погледнете видео од нејзиното појавување на црвениот тепих).

Во галеријата погледнете како беа облечени ѕвездите на црвениот тепих на Греми наградите и некои од најубавите и најлошите креации:
Прочитајте и Најубавите и највљубените парови кои издоминираа на Греми 2026 - бакнежи и заводливи погледи (фото)
А. Ј. | Црнобело
