Хајди Клум како статуа, премногу разголени тела - Најлошо облечените ѕвезди на Мет гала 2026
На листата најлошо облечени на Мет гала 2026 се и сестрите Кардашијан-Џенер, но и сегашната и поранешна девојка на Бредли Купер - Џиџи Хадид и Ирина Шајк. Листата на најлошо облечени мажи, пак, ја предводи Сем Смит, кој дојде во црн фустан и голем пердув на главата.

Под мотото „Модата е уметност“ (Fashion Is Art), вчеравечер се одржа новото издание на Мет Гала во Њујорк.
Најочекуваниот моден настан на годината и овој пат беше место каде што фокусот беше целосно свртен кон ѕвездите и нивните впечатливи, уникатни креации, кои не може да се видат на ниедно друго место.

Сепак, се чини дека некои ѕвезди погрешно ја интерпретирале темата на настанот, па многу славни жени се појавија со (полу)разголено торзо и во облека која асоцира на голи гради.
Имаше и такви, кои во обидот да бидат впечатливи, преминале во кич.

Хајди Клум ги подели мислењата.
Нејзиниот изглед на жива статуа го оценија како уникатен, но сепак погрешен за настан на кој е најважно претставувањето на црвениот тепих, па ја ставија на листата најлошо облечени.

На оваа листа се и сестрите Кардашијан-Џенер, но и Шер, Серена Вилијамс, сегашната и поранешна девојка на Бредли Купер - Џиџи Хадид и Ирина Шајк.
Листата на најлошо облечени мажи, пак, ја предводи Сем Смит, а тука е и актерот Лук Еванс.

Погледнете некои од најлошите (а сепак уникатни изданија) на Мет гала 2026:
А. Ј. | Црнобело